Украинците во Македонија: Мобилизацијата како агонија на фашистичка Русија

t

Путин нема што да му претстави на целиот свет, покрај хистерија, закани и отворен блеф. Повикувањето дури 300.000 за модерна Русија е речиси невозможна задача. Повеќето руски патриоти се покажаа дека се такви само на каучот, пишува Евген Цибуленко, професор по право во својата колумна за RusDelfi, а пренесува Здружението Лесја Украинка. 

Малкумина знаат за ова, но нацистичка Германија се префрли на шините на „тотална војна“ дури во 1943 година, дури по поразот кај Ел Аламеин и Сталинград. Сепак, како што е познато, ова не ги спаси нацистите – Третиот рајх беше поразен во следните две години. Ова нема да ги спаси ни директните следбеници на нацистите – рашистите. Да, војната во Украина сè уште не е завршена, но поразот на фашистичка Русија е веќе неизбежен.

На 21 септември Путин најави наводна делумна мобилизација за продолжување на „СВО“. Наводно, затоа што споменатата бројка од 300 илјади официјално никаде не фигурира, а објавените документи овозможуваат да се повикаат речиси неограничен број луѓе на воена служба. Ова е прва мобилизација во Русија од крајот на Втората светска војна. Покрај тоа, Путин нареди активирање на одбранбеното производство во Русија. Тој се подготвува за долга и крвава војна како во Украина, така и надвор од нејзините граници.

Денес Путин ги користи националните малцинства како „топовско месо“. На тој начин, тој се обидува да спречи бран на суверенитети во Руската Федерација во блиска иднина.

Во исто време, поглаварот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на состанокот со оперативниот штаб за спроведување на „специјалната операција“ најави дека нема да има мобилизација во републиката. Како што пишува „Кавказ.Реалии“, снимката со овој говор на Кадиров бил прикажан во вечерните вести на каналот„Грозниј“ на 22 септември.

На 23 септември, поранешниот претседател на Монголија Цахијагин Елбегдорџ одржа антивоено обраќање, во кое зборуваше за тоа колку националните малцинства во Русија страдаат од тоа и ги повика Русите да не војуваат со Украинците. Тој, исто така, ги покани Бурјатите, Туванците и Калмиците да избегаат од мобилизацијата во Монголија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров се заканува? Западот е на работ…

Западот е на работ на директен воен…

Русија и Кина потпишаа Меморандум за соработка…

Врховниот командант на руската морнарица, адмирал Александар…

Пентагон: Украина ќе ја добие помошта за…

Откако американскиот Конгрес го одобри пакетот воена…

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Американски милијардер: Украина ќе доживее крах –…

Американскиот милијардер Дејвид Сакс, по усвојувањето во…