Украинците наводно ја гранатирале нуклеарната централа Запорожје
Раководството на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, денеска соопшти дека критична инфраструктурна постројка во рамките на објектот била гранатирана од Вооружените сили на Украина.
Раководството на електраната наведува дека експлозивна направа била активирана во близина на оградата каде што се наоѓаат резервоарите за дизел гориво. Оттаму додаваат дека за гранатирањето биле известени експертите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Претходно, во неколку наврати, генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, предупреди на опасноста што произлегува од нападите врз нуклеарната централа.
Русија и Украина, кои се во војна повеќе од две години, меѓусебно се обвинуваат за претходно гранатирање на локацијата, што ги уништи далноводите во централата и ги загрози нејзините дизел генератори, кои се алтернативен извор на енергија за работата на објектот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…
Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…
Од 24 на само 4 степени во…
Голем температурен пад за само 24 часа…
Трамп за денешниот инцидент во европска земја:…
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд…
УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Св. Архангел Михаил…
Архангел Михаил е водачот на небесните војски…
Трамп ја опиша атмосферата од средбата со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…