Украинците на окупираните територии се присилени да земаат руски пасоши?
Украинците кои живеат на територијата окупирана од Русија се принудени да земат руско државјанство или ќе се соочат со остри одмазди, вклучително и можна депортација или притвор, се наведува во истражувањето на Универзитетот Јеил објавена денеска, кое беше спроведено со поддршка на американската Влада.
Во истражувањето се наведува дека, како дел од планот на Москва за „воспоставување моќ над Украинците“, жителите на регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје се цел на „систематски напори да им се одземе украинскиот идентитет“, пренесуваат британските медиуми.
Серија декрети потпишани од рускиот претседател Владимир Путин ги принудуваат Украинците да добиваат руски пасоши, што е кршење на меѓународното хуманитарно право, се наведува во извештајот.
Украинците на окупираната територија кои не бараат руско државјанство „се подложени на закани, заплашувања, ограничувања на хуманитарната помош и основните потреби, како и можни притвори или депортации, а сето тоа има за цел да ги принуди да станат руски државјани“, се наведва во извештајот на универзитетот.
-Загрижувачко е тоа дека во основа станува збор за прекршување на Хашките и Женевските конвенции. Таа акција е многу распространета. Украинците во областите контролирани од Русија немаат друг избор освен да прифатат руски пасош доколку сакаат да преживеат или се соочат со потенцијален притвор и, како што истражувачкиот тим документираше, со депортација во Русија, рече извршниот директор на истражувањето Натаниел Рејмонд, додавајќи дека целата одговорност е на Кремљ и Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…