УКРАИНЦИТЕ НЕМААТ ПЛАН, БУЦКААТ ДА ВИДАТ КАДЕ ЌЕ ИМА ПРОБИВ? Некои бригади и тенкови воопшто ги нема на фронтот
Малиот пробив од 13 километри јужно од Велика Новосилка во украинската контрофанзива е најверојатно серија од пробни напади за да се најде слаба точка на рускиот фронт, смета аналитичарот Ден Сабаг. Тој за Гардијан анализира дека битката во никој случај не била лесна. Исто така, Сабаг потсетува на изгубените тенкови Леопард 2 и четирите борбени возила Бредли кои биле напуштени на Петок по неуспешните украински напади.
Воените кампањи од оваа големина и важност не се решаваат за една недела, посочува Сабаг.
„Она што е сигурно е дека Украина со одредена доверба презеде иницијатива, напаѓајќи од повеќе правци. Исто така, Украина постигна некои успеси, веројатно таму каде што Русите се најслаби. Засега тоа е доволно охрабрувачки за Украинците“, ја завршува својата анализа Ден Сабаг за Гардијан.
Во анализите пак, на Пентагон, украинските бригади 116, 117 и 118 воопшто не се појавиле на фронтот, уште еден можен показател дека офанзивата е во почетна фаза.
https://twitter.com/Feher_Junior/status/1666811247319453696?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1666811247319453696%7Ctwgr%5Ed5829cc7a969706ec11fdd5a905a349ef55f2b81%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fukraincite-nemaat-plan-buckaat-da-vidat-kade-e-ima-probiv-nekoi-brigadi-i-tenkovi-voopshto-gi-nema-na-frontot%2F
Украина досега не испратила голем број тенкови на линијата на фронтот, тврди Бен Хоџис, поранешен генерал на американската армија.
„Кога ќе видиме големи, оклопни формации како се приклучуваат на нападот, тогаш мислам дека ќе знаеме дека главниот напад навистина започна“, напиша тој на својот блог во неделата.
Ова, според него, се однесува на две или три од деветте обучени и опремени бригади насочени кон тесен терен. Некои од тие бригади веќе се пријавени дека се во акција, како што се 47-та бригада јужно од Орихив и 37-та поисточно во близина на Новодонецк, во секторот Доњецк на јужното бојно поле.
Во меѓувреме, минатонеделните катастрофални поплави по пробивањето на браната Нова Каховка веројатно ја извлекоа Русија од рамнотежа. Но, ова исто така ги одврати Украинците од можен поморски напад преку проширената делта на Дњепар, без разлика што некои руски одбранбени сили беа потопени. Таквиот напад би бил ризичен.
Игор Гиркин, ветеран на рускиот ултра-национализам, на својот канал Телеграм рече дека се надева оти Русија ќе усвои политика на „флексибилна одбрана“ и дека до одреден степен ќе им овозможи на украинските сили да напредуваат надвор од нивната воздушна одбрана, а потоа да започнат контранапад и да го сврти украинското напредување.
Но, тој исто така предупреди дека Украина, според неговите проценки, има пет или шест бригади во резерва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…