Објавено на:

Украинците не се помирија со промената: Извини Сунак ама Украина сонува за Џонсон!

t

Новиот британски премиер Риши Сунак вети дека поддршката за Украина ќе продолжи, надоврзувајќи се на соработката која ја имаа неговите претходници Борис Џонсон и Лиз Трас. Но, Киев не верува дека ќе најде пријател од Лондон каков што му беше Џонсон, пишува „Политико“.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски минатата недела му ја честиташе победата на Сунак, велејќи дека „со нетрпение чека да се продолжи соработката меѓу земјите“.

Меѓу украинските власти постоеше некаква надеж дека Џонсон би можел да се врати на власт по оставката на Трас. Самото тоа што на официјалниот Твитер-профил на Украина беше објавена „смешна“ фотографија на која пишуваше „подобро јавете му се Борис“, беше доволен доказ за тоа колку Украинците „уживаа“ во соработката со Џонсон. Но, по само неколку дена, Џонсон објави дека се повлекува од трката за иден британски премиер.

За време на неговиот мандат, Џонсон беше еден од најгласните западни поддржувачи на Киев. Тој од почетокот на војната неколку пати ја посети Украина и укажа на британската поддршка.

И Џонсон и Зеленски си разменија неколку престижни награди, со кои ќе се паметат како „добри пријатели“ на земјите.

Џонсон од украинскиот колега го доби Орденот на слободата, додека пак Британецот му ја додели наградата „сер Винстон Черчил”.

Меѓутоа, во Украина, за заминувањето на поранешниот шеф на Сунак – и смртоносен ривал – Џонсон сè уште се жали.

Неговиот краток, но неуспешен обид за враќање минатата недела дополнително ги разочара фановите. Во таа земја дури се именуваа и пабови и улици по неговото име.

„Џонсон едноставно не може да не биде сакан од Украинците“, рече 33-годишниот Михаило Михаилов, сопственик на новоотворениот паб „Борис Џонсон“ во западниот град Луцк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…

Фон дер Лајен: Украина ќе може да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…