Објавено на:

Украинците соопштија дека собориле тежок руски борбен дрон

t

Украинските сили објавија дека собориле тежок руски борбен дрон, додека Руските сили постигнуваат напредок во источна Украина.

Рускиот дрон Су-70 бил соборен во близина на градот Константинивка, во областа Доњецк, изјави шефот на воената администрација на градот, Сергиј Горбунов, за украинската јавна телевизија.

Објавените фотографии прикажуваат остатоци од дронот, откако се урнал врз куќа, предизвикувајќи пожар.

Од своја страна, руските сили објавија дека го зазеле местото Желане Друе, исто така во Доњецката област. Тоа значи дека руските сили постигнуваат нов успех само три дена по ставањето под контрола на на градот Угледар, кој се наоѓа на околу 33 километри оддалеченост, каде што повеќе од две години се водеа жестоки борби.

Загубата на Угледар укажува на влошувањето на позицијата на украинската армија ширум фронтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…