Украинците твдат дека погодиле руска фабрика за производство на авиони во Воронеж
Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) го погоди главниот производствен погон на фабриката за авиони во руската област Воронеж, објави Ројтерс од украинските разузнавачки кругови.
Според истиот извор, погоден е објект за поправка на авиони во градот Борисоглебск, но нема информации за степенот на штетата.
Градот се наоѓа на најмалку 350 километри од линијата на фронтот контролирана од Украина, на североисток.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека над таа област биле соборени две украински беспилотни летала.
Од неодамна, Киев сè повеќе напаѓа подлабоко на руска територија, гаѓајќи ги воените објекти и енергетската инфраструктура што ја напојува руската воена машина. Главно користи дронови со долг дострел од домашно производство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран сака крај на војната, но бара…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
ОЈО бара притвор за таткото кој пијан…
Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична…
Зеленски го нарече Путин „убиец“ откако Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Владимир…
Гром го погоди авионот на „Ер Србија“…
Авионот на компанијата „Ер Србија“, кој во…
(Видео) Пентагон објави нов пакет декласифицирани документи…
Американското Министерство за одбрана во четвртокот објави…