Украинците тврдат дека напредуваат на фронтот, Пригожин вели руски војници бегаат од Бахмут
Украина објави дека постигнала пробив во областа на разурнатиот источен украински град Бахмут, епицентарот на борбите со руските сили. И шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин ја потврди информацијата за напредок на украинските сили кај Бахмут, каде што неговите борци се на линијата на фронтот.
Тој ги обвини редовните руски единици дека „бегаат“ од своите позиции.
„Заземањето на Бахмут нема да и донесе ништо на Русија, бидејќи крилата се уриваат, а фронтот се распаѓа, истакна Пригожин и го обвини рускиот Генералштаб дека се обидува да ја претстави ситуацијата во подобро светло.
Пригожин посочи дека верува оти „глобалната трагедија за Русија“ е неизбежна, објави украинската новинска агенција УНИАН, цитирајќи видео објавено на неговиот канал на Телеграм.
Непосредно пред новите остри критики на шефот на „Вагнер“, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили одбиле 26 украински напади на 95-километарскиот фронт во Соледарската област.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малјар претходно изјави дека силите на Киев напреднале два километри во областа Бахмут.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…