Објавено на:

Украле картичка од жена и ја „исчистиле“ сметката во седум наврати – четворица млади ќе одговараат кривично!

t

Четири лица од Крива Паланка ќе се соочат со кривична постапка откако полицијата ги сомничи дека украле банкарска картичка од жена и во повеќе наврати подигнувале пари од нејзината сметка.

Од ОВР Крива Паланка информираат дека се поднесени кривични пријави против Е.К. (27), А.Ф. (22), С.А. (23) и Ј.М. (19), сите од Крива Паланка, поради сомнение дека сториле кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според информациите од полицискиот билтен, осомничените од домот на жена во село во општина Ранковце одзеле банкарска картичка, по што започнале да ја користат за подигнување средства.

Истрагата покажала дека на 14 ноември 2025 година, во седум одделни наврати и на четири различни локации во Крива Паланка, тие извршиле трансакции и на тој начин стекнале противправна имотна корист.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со незаконските трансакции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Инцидент во близина на воена база во…

Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, повторно сме сведоци на вандализам…

Македонија ја посетиле 741.446 туристи за 7…

Македонија во првите седум месеци од 2026…

Кај гостиварец и тетовец пронајдена марихуана

На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара…