Улиците во Скопје обоени во црвено: Дефиле за 77 години постоење на Црвен крст на Град Скопје

t

Дефиле на хуманоста, со мото „За Скопје со љубов“, се организираше попладнево по повод 77 години од основањето на Црвен крст на град Скопје. Вработени и волонтери на Црвен крст на град Скопје и на петте општински организации, корисници на услуги и негови соработници дефилираа по улиците „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“ до плоштадот „Македонија“.

На плоштадот имаше штандови и касичка за донации за Клиниката за хирургија – Ургентно одделение за набавка на наменска количка/плакар за чување и транспорт на лекови.

Црвениот крст на град Скопје (ЦКГС) е основан во 1945 година. Дел е од Црвениот крст на Република Северна Македонија и со тоа дел од Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Ги координира општинските организации на Црвен крст на територијата на Скопје. Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје, изјави дека организацијата е секогаш во служба на граѓаните на главниот град и, како што рече, ќе направат сè за да може да ги задоволат потребите, пред сè, на ранливите целни групи.

-Сите заедно, волонтери и корисници, сите оние кои ги користат сервисите на Црвениот крст, денеска направија дефиле на хуманоста. На овој начин сакавме поблиску да ги доближиме граѓаните на нашиот град до Црвениот крст и сите заедно да ги слушаме потребите на заедницата на градот како би можеле да креираме сервиси со цел нашето Скопје да биде за сите убаво место за живеење. И во иднина Црвениот крст на град Скопје ќе биде во служба на хуманоста, а тоа значи дека сите социјално-хуманитарни сервиси и сè она што ќе значи поддршка на младите и активностите за лица од трето доба ќе бидат цел во наредните пет години, изјави Тунева-Пауновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…