Унгарија ги откачи НАТО војските: Нашите сили имаат доволен капацитет

t

Унгарските национални вооружени сили имаат доволен капацитет, така што респоредувањето на дополнителните единици на НАТО на нејзината територија е несоодветно, изјави во саботата унгарскиот министер за одбрана Тибор Бенке.

Во четвртокот Sky News oбјави дека членките на НАТО во атмосферата на ескалацијата на тензиите со Русија околу Украина размислуваат за формирање нови борбени единици со бројност до 1.000 војници кои ќе бидат распоредени во Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка, по примерот на силите кои веќе постојат во Полска и балтичките земји.

Во петокот американскиот претседател Џо Бајден потврди дека во скоро време планира во Европа да испрати дополнителни 8.500 американски војници, но не прецизираше каде би биле распоредни. Пентагон стави околу 8.500 американски војцни во состојба на приправноста за можно итно распоредување во Европа додека ескалира ситуацијата околу Украина. Претходно седмицава портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека САД се подготвени да испратат 8.500 војници во Европа, но дека конечната одлука за тоа сѐ уште не е донесена. Како што појасни, станува збор за борбени, извидувачки, воздухопловни, санитетски и транспортни единици. Кирби во вторникот за телевизијата CNN појасни дека Вашингтон не планира да распореди свои трупи во Европа надвор од територијата на земјите коишто се сојузници во НАТО.

На прашањето дали навистина САД преговараат за распоредување борбени единици на НАТО во Европа, вклучително и со Унгарија, Бенке одговори дека и Вашингтон и Алијансата разговараат за тоа прашање со сите земји на источното крило на блокот кои граничат со Украина или со Русија.

„Истовремено нашиот став е дека (…) Унгарија веќе формираше такви национални сили, создаде таков национален потенцијал што во моменталната ситуација нема потреба да се потпираме на странски вооружени сили и единици“, рече Бенке во разговорот за радиото InfoRádió.

Истакна дека земјата има намера да продолжи да се движи во таа насока. А во врска со приемот на Украина во НАТО, на што жестоко се противи Русија, Бенке истакна дека Будимпешта, којашто инаку одржува добри односи со Москва, долго време ја поддржуваше желбата на Киев да стане членка на Алијансата.

„Но тогаш Украина настапи против Унгарците коишто живеат во Закарпатие и се однесуваше неприфатливо за принципите на Алијансата. Потоа владата зазема став дека Украина сѐ уште не е подготвена за влез, таа не ги исполнува очекувањата на НАТО. Последниот пат јас лично му кажав на министерот за одбрана на Украина дека можеме одново да разговараме за тоа прашање, доколку прашањето на закарпатските Унгарци им бидат овозможени истите права коишто ние им ги даваме на луѓето кои зборуваат украински а живеат во Унгарија“, заклучи Бенке.

Односите меѓу Унгарија и Украина се влошени откако по превратот во 2014 година во Киев беа укинати правата, вклучително и за користење на јазикот како службен во западниот украински регион Закарпатие каде што живеат околу 150.000 етнички Унгарци. Киев особено ја разгневи Будимпешта кога во 2017 година го воведе законот со кој во училиштата се забранува користењето на јазиците на малцинствата, вклучително и унгарскиот. Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, освен обвинувањата и за тортура врз унгарското малцинство, се закани и со блокирање на напорите на Киев за поблиска соработка со НАТО и Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

Шефовите на дипломатиите на Британија и Франција:…

Министрите за надворешни работи на Велика Британија…

Столтенберг: Сојузот на авторитарни сили сè повеќе…

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави…

(Видео)  Јакимовски: Враќање на достоинството на македонскиот…

Како претседател ќе се залагам за јакнење…

Лавров во посета на Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…