Унгарија наскоро може да го одобри членството на Шведска во НАТО

t

Унгарскиот парламент може да го ратификува барањето на Шведска за членство во НАТО кога ќе се состане на својата пролетна сесија на крајот на овој месец, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во обраќањето до нацијата.

„Добра вест е што нашиот спор со Шведска наскоро ќе биде завршен“, рече Орбан, пренесе Ројтерс.

Орбан рече дека тој и шведскиот премиер Улф Кристерсон презеле чекори за обнова на довербата меѓу двете земји.

Орбан не кажа кои се тие чекори, наведува британската агенција.

Се очекува унгарскиот парламент да ја започне пролетната седница на 26 февруари.

Двопартиска делегација од американскиот Конгрес ќе ја посети Унгарија во недела за да изврши притисок врз Будимпешта да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО кога унгарскиот парламент повторно ќе се состане по зимскиот распуст, соопшти во петокот Амбасадата на САД во Будимпешта.

Амбасадата соопшти дека сенаторите патуваат во Унгарија за да разговараат за „стратешките прашања со кои се соочуваат НАТО и Унгарија“ со унгарските власти.

„Пристапувањето на Шведска во НАТО е прашање што директно влијае на националната безбедност на САД, а исто така и на безбедноста на Алијансата како целина“, рече американскиот амбасадор во Будимпешта Дејвид Пресман претходно овој месец.

Унгарија е единствената земја членка на НАТО која го нема ратификувано шведското барање.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година, по почетокот на војната во Украина.

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром во средата изјави дека очекува Унгарија наскоро да го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова заканувачка изјава на Медведев: НАТО нѐ…

Во случај Украина да користи ракети со…

Мнозинството македонски граѓани сметаат дека членството во…

Мнозинството македонски граѓани сметаат дека членството во…

Орбан: Фицо е „меѓу животот и смртта“

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот…

Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз…

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг…

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…