Унгарија не ја пушта Шведска во НАТО
Унгарија ќе го одложи приемот на Шведска во НАТО поради критиките од Стокхолм за политиката на премиерот Виктор Орбан, соопшти денеска унгарската влада.
Портпаролот Золтан Ковач рече дека премостувањето на јазот бара напор од двете страни, пренесува Ројтерс.
Шведска и Финска поднесоа барање за влез во воениот сојуз НАТО минатата година, по рускиот напад врз Украина, но процесот беше запрен од Унгарија и Турција.
По неколку месеци застој од страна на владејачката партија Фидес на Орбан, унгарскиот парламент во понеделникот го одобри нацрт-законот со кој се дозволува Финска да се приклучи на НАТО, но барањето на Шведска и понатаму се чека.
„Во случајот со Шведска, има голем број поплаки кои треба да се решат пред да се ратификува приемот на земјата“, рече Ковач на својот блог.
Тој објави дека шведските претставници „постојано се обиделе да ја нападнат Унгарија преку дипломатски канали, користејќи го нивното политичко влијание за да им наштетат на унгарските интереси“, алудирајќи на шведските критики за колапсот на владеењето на правото од страна на владата на Орбан во последните 13 години.
Од друга страна, Орбан ги негира овие наводи и тврди дека Стокхолм со години зазема „непријателски однос“ кон Будимпешта.
„Кога ќе се додадат на ова проблемите и поплаките што ги има Анкара, нема многу простор за маневрирање, барем не додека Швеѓаните не го сменат своето мислење и однесување и не помогнат во заздравувањето на овие долгорочни рани“, рече Ковач, пренесе Танјуг.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела објави дека турскиот парламент, исто така, ќе го започне процесот на ратификација на приемот на Финска, додека ја обвини Шведска дека засолнува курдски милитанти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европската комисија предложи одблокирање 4,2 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека предложила одблокирање…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…
Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…
Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Шведскиот премиер Кристерсон си поднесе оставка откако…
Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска поднесе оставка…