Добри вести за Македонија: Унгарија ќе го забрза проширувањето на ЕУ на Западен Балкан, порача Сијарто

t

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека за време на претседавањето на Унгарија со ЕУ ќе се забрза проширувањето на Унијата на Западен Балкан и најави одржување на меѓувладини преговори со сите пет земји кандидатки од регионот.

– Унгарија ќе се стреми и ќе почне конкретни преговори со новата, силно про-интеграциска ориентирана влада на Северна Македонија – посочи Сијарто на денешната конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз.

Тој наведе дека со Србија ќе се отворат нови поглавја од претпристапните преговори, додека со Црна Гора се планира да се затворат барем седум поглавја. Додека со Албанија се предвидува да се отворат првите поглавја, а со Босна и Херцеговина да се усвои преговарачката рамка.

– Унгарија, исто така, помага со испраќање експерти и обучени службеници да им помогнат полесно да се снајдат во комплицираниот претпристапен процес – потенцира Сијарто.

Тој истакна дека интеграцијата на петте балкански земји во ЕУ е „економски, како и политички и безбедносен интерес на Унгарија“, чии инвестиции во регионот достигнаа 2,5 милијарди евра, а трговијата од 2010 година е четирипати зголемена и изнесува над седум милијарди евра.

Според него Централна Европа и Западен Балкан можат да бидат „мост“ помеѓу Истокот и Западот, што е многу потребно „за враќање на соработката помеѓу Исток и Запад заснована на меѓусебно почитување и може да го покаже излезот од сегашниот турбулентен кризен период“.

– Унгарија е подготвена да ја преземе оваа улога и во тоа да ги поддржи земјите од Западен Балкан – истакна Сијарто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…