Унгарија ќе постави систем за противвоздушна одбрана во близина на украинската граница

t

Унгарија ќе постави систем за противвоздушна одбрана во североисточниот дел на земјата бидејќи заканата од ескалација на украинско-руската војна е „поголема од кога било“, изјави унгарскиот министер за одбрана Кристоф Шалај-Бобровницки.

Рускиот претседател Владимир Путин завчера го намали прагот за нуклеарен напад како одговор на поширок опсег на конвенционални напади, откако САД и дозволија на Украина да истрела американски проектили длабоко во Русија.

Украина за прв пат завчера употреби американски ракети АТАКМС, соопшти Москва, што Русија го смета за голема ескалација.

Сè уште веруваме дека мирот ќе се постигне што е можно поскоро, преку дипломатија наместо со воено решение, рече Кристоф Шалај-Бобровницки во видео објавено синоќа на неговиот Фејсбук.

Сепак, за да се подготвиме за сите можности, наредив неодамна купените системи за контрола на воздушниот простор и противвоздушна одбрана и со тоа што се опремени, да бидат распоредени на североисток, рече тој по состанокот на Советот за одбрана, што го свика премиерот Виктор Орбан, со цел да се разговара за развојот на настаните во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…