Унгарски медиуми: Заемот од милијарда евра за Македонија е најголем кој државата го дала откако Орбан е премиер
Заемот од една милијарда евра што новата влада на Македонија ќе го добие од Унгарија, е најголемиот што владата на Будимпешта некогаш го одобрила некому откако Виктор Орбан ја презеде власта.
Идниот министер за транспорт и врски Александар Николоски од партијата ВМРО-ДПМНЕ потврди дека новата Влада, чие гласање е закажана за утре, ќе се задолжи за една милијарда евра во странство. Тој рече дека нема да се земе заем од Кина туку од ЕУ држава.
„Се одлучивме на овој чекор бидејќи каматните стапки на меѓународните институции како Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во моментов се над 5 проценти“, вели Николоски.
Каматната стапка на заемот од Унгарија е околу 3 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…
Унгарија објави дел од достапните податоци од…
Унгарија најави откажување од руските енергенси до…
Унгарија планира да се откаже од руските…
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…