Унгарскaта компанија МОЛ би можела да купи удел во НИС и да ги тргне американските санкции

t

Унгарскaта компанија МОЛ би можела да купи 11,3 проценти од Нафтената индустрија на Србија (НИС), пишува неделникот „НИН“ во својот нов број, наведувајќи дека, според неофицијални извори, кризата поврзана со таа компанија, која е под санкции на САД, би можела да се реши до 25 ноември.

„Русите му веруваат на Унгарскиот Мол, односно на тамошниот премиер, Виктор Орбан, и според сегашниот план, тие се купувачи за 11,3 проценти од акциите на НИС“, наведува „НИН“ и додава дека забрзувањето на преговорите меѓу руската и унгарската страна се случило по посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на САД.

Весникот дознава дека прецизирањето на тој план треба да се случи на 15 ноември, кога делегациите од Москва треба да одат во Будимпешта.

Како што наведува „НИН“, преговори се водат и со Обединетите Арапски Емирати.

„Русите веруваат дека сигналот за лесно излегување од сопственичката структура на НИС е доволен за Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC) да ги суспендира санкциите следната недела“, се наведува во текстот.

Доколку унгарската страна купи дел од НИС, државата Србија ќе поседува 29,87 проценти од НИС, малите акционери 13,9 проценти, Мол 11,3 проценти, што ќе значи вкупно мнозинство од 55,07 проценти, додека Гаспромнефт ќе има 44,93 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…

Нова пратка со зеленчук од Македонија е…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила

Жена од струшкото село Октиси е пријавена…

Цената на нафтата падна по најавата на…

Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…

Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Голем римски војсководец од времето на царевите…