УНИЦЕФ предупредува: Штрајкот мора да заврши што поскоро

t

Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани,  повика да се најде неопходен консензус за да се избегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата. Во допис до медиумите соопшти дека УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение што ќе ги стави децата на прво место и што нема да доведе до дополнителен продолжен прекин на наставата во училиштата.

– Вработените во образовниот сектор, исто како и сите други работници, имаат право да ги заштитат своите работнички права со штрајк. Во исто време, децата во Северна Македонија не можат да си дозволат дополнителен прекин на наставата и учењето. Мора да се изнајде брзо решение кое ќе им одговара на сите страни, а особено на децата, истакнува ДиЏовани.

Таа укажува дека Северна Македонија веќе подолго време се соочува со криза во образованието и  повеќе од половина од сите ученици на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки. Покрај тоа што училиштата беа затворени за настава со физичко присуство 54 недели поради пандемијата, вели таа, оваа година децата пропуштија дополнителни две недели од образовниот процес поради одложениот почеток на училишната година.

-Овие прекини придонесоа образовната криза дополнително да се продлабочи. Сега, повеќе од кога било, треба да ја забрзаме реформата во образованието и притоа мора да го имаме предвид најдобриот интерес на децата, така што секое дете ќе добие поддршка за да го надомести пропуштеното знаење. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој, наведува претставничката на УНИЦЕФ.

Нагласува дека дијалогот за важната улога на наставниците треба да е континуиран и да се се води во поширок контекст на реформата во образованието со цел да се обезбеди соодветно распоредување и искористување на човечките, финансиските и другите ресурси за да се обезбеди квалитетно образование за сите деца, независно од тоа каде живеат.

-УНИЦЕФ ги повикува сите инволвирани во преговорите брзо да дојдат до неопходен консензус за да се одбегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата во земјата. Решението треба да биде во духот на тековните реформи во образованието и треба да предвиди пошироки структурни промени кои ќе овозможат остварување на правото на децата за пристап до квалитетно и инклузивно образование, вели Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН…

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура…

УНИЦЕФ: Многумина во Газа преживуваат со еден…

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) ја…

СЗО и УНИЦЕФ: Неопходна е вакцинација за…

Светската здравствена организација и УНИЦЕФ соопштија дека…

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

УНИЦЕФ: Никој не е безбеден на југот…

Портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер изјави дека…