Објавено на:

УНИЦЕФ: Семејствата во Газа во катастрофална ситуација по поплавите и бурите

t

Ситуацијата за семејствата и децата во Газа останува катастрофална поради обилните поплави и обилните дождови, објави Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Во последните неколку дена првата зимска бура во овој регион директно погоди речиси 17.000 семејства, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Рикардо Пирес. „Гледаме тажни приказни за очајни семејства, кои се чувствуваат целосно изгубено и исцрпено откога нивните шатори се поплавени“, рече тој.

Повеќето од погодените семејства се раселени во последните две години и го изгубиле целиот свој имот, што, според УНИЦЕФ, го отежнува преживувањето во екстремни услови, пренесува „Ал џезира“.

Портпаролот на УНИЦЕФ ги нагласи особено тешките последици за децата. „Кога децата спијат во поплавени шатори, без топла облека или сува постелнина, а на многумина им недостига потребната исхрана, со многу низок имунитет и веќе се трауматизирани од конфликтот, зимата станува исклучително опасна“, рече тој.

Пирес истакна дека поплавите и студените услови значително го зголемуваат ризикот од хипотермија, респираторни инфекции, па дури и смртност кај најранливите.

УНИЦЕФ апелира до меѓународната заедница и до хуманитарните организации за итна помош за да им се обезбеди на семејствата во Газа основна безбедност, сува облека, храна и засолниште, особено за децата што се во најголема опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…

Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…

Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…

Уште една, нова пратка со 900 тони…

„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…

„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…