Уништени огромни количини од вакцините на Фајзер, Синофарм и Астра Зенека во Дрисла
На депонијата Дрисла денеска се уништени 67 илјади дози вакцини Фајзер, Астра Зенека и помал дел Синофарм, со изминат рок на употреба, соопшти Министерството за здравство.
Според МЗ, уништувањето на вакцините се реализира во неколку фази, почнувајќи од денеска, а ќе продожи и во текот на следната недела кога ќе бидат уништени уште 200 илјади дози.
Целата постапка е реализирана во соработка со Институтот за трансфузиологија. Потенцираме дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни, a согласно законската процедура вакцините на кои им поминува рокот, најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување, во соработка со МАЛМЕД, соопштија здравствените власти.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Дрисла уништени над 40 тони необележани…
Над 40 тони необележени јајца од Србија…
Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе…
Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Скопје…
Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно…
Серијата пожари во депониите Вардариште и Дрисла,…
Шамар за скопјани: ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот…
ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои…
Два пожари се активни, пожарите во Дрисла…
На ден 15.09.2025 година, до 12:00 часот…