Објавено на:

Употребата на пластични кеси е намалена осум пати

t

– Од 1 декември лани стартуваше можеби мерката која се однесува на исфрлање од употреба на пластичните кеси за пазарење, чија цел покрај заштита на животната средина, е и промена на навиките на граѓаните и стимул на рециклирањето. Колку пари до сега се собрани од т.н. поеколошки кеси кои сега се плаќаат поскапо и кога и за што ќе се употребат тие пари од посебниот фонд?

Нуредини: Собрани се 44.777.236 денари и тие пари се за период од четири месеци, заклучно со март. Поточно опфатени се месец декември 2021 година и првиот квартал од 2022 година, бидејќи пресметките и уплатите од трговците ќе се прават на квартално ниво.
Нашата идеја и предлог е да набавиме контејнери за селектирање на отпад за пластика и лименки. За жал, не може предлогот во овој момент да помине во Влада, бидејќи во време на постапка за ребаланс немаме законско право да направиме нова програма, или прераспределба и употреба на парите додека ребалансот е во Собрание. Кога ќе се усвои ребалансот, ние веднаш на седница на Влада ќе предложиме Програма за инвестирање на тие средства и ќе ја почнеме процедурата за набавка на тие контејнери. Но, не е важно само да набавиме контејнери, туку во меѓувреме да работиме со општините, бидејќи договорите мора да ги склучат општините со колективниот постапувач. Тие ќе мора прво да нè информираат каде може да ги поставиме контејнерите за потоа колективниот постапувач да го собира селектираниот отпад.

Со целата таа процедура, мислам дека до крајот на септември можеби веќе ќе ги имаме тие контејнери и ќе ги поставиме во сите општини. Распределбата, нормално, ќе се прави според определена методологија и бројот на контејнери ќе зависи од бројот на граѓани во општините.

– Сведоци сме дека и натаму дел од трговците даваат обични пластични кеси како и
претходно без да ги наплаќаат. Имате ли информации за состојбата на терен, има ли казнети
трговци?

Насер Нуредини: Тој податок го имаат инспекторатите. Но, сега е време да почнеме со средните и мали трговци. Идејата беше да се започне од најголемите, а потоа да се премине на средните и на крај на најмалите трговци. Важно е дека најголемите ги контролираме и нè информираат како што е предвидено. За жал, има уште некои од средните трговци кои даваат така кеси и секако, тие најмалите сигурно дека даваат од пластичните кеси без да ги наплатат. Но, мислам дека полека ќе го решиме и тоа. Важно е дека според статистиката што ја добиваме од големите трговци, најмалку осумкратно е помала употребата на пластични кеси.
Веќе се забележува тоа и навистина се менуваат навиките на подобро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто

Цените на становите во Скопје во првиот…

Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор…

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда”…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…