Управител на фирма од Новаци доби пријава за злоупотреба на службена должност – оштетен буџетот за над 549.000 денари
СВР Битола поднело кривична пријава против М.Т.(47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот, во својство на управител на правно лице од село Новаци, на 29.05.2023 и на 29.12.2023 склучил договори за привремено вршење на услуги во однос на јавни набавки за вкупен период од 19 месеци со вработена на која работниот однос во правното лице било со решение за мирување на работен однос од 02.05.2023, и покрај тоа што во правниот субјект биле вработени две лица со валидни сертификати за лица за јавни набавки.
На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на правниот субјект во износ од 549.060 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Управител на фирма од Новаци доби пријава…
СВР Битола поднело кривична пријава против М.Т.(47)…
Фирма од Новаци го оштетила РЕК Битола…
Кривична пријава против управител на правно лице,…
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Свештеници на Англиканската црква под истрага за…
Седум свештеници на Англиканската црква, вклучувајќи го…