Уредникот на “24 ракомет”: Насилство врз Денис Тот имало – Снимките од камерите се избришани!

t

Уредникот на „24 ракомет“, Горан Антевски во разговор со хрватскиот медиум „Слободна Далмација“ вели дека постојат повеќе верзии за случајот на Денис Тот, кој почина во скопска болница.

„Во болница кажаа дека нема траги на насилство, но според наши информации има многу внатрешни. Зборувавме со луѓето кои работат во болница. Јасно е дека може човек да биде претепан и без да се гледа било што“, вели Антевски.

„Како минува времето, се појавуваат повеќе верзии. Многу теории, ова е главна вест. Некои зборуваат дека и снимките од надзорните камери се избришани. Зборувавме со обезбедувањето, тие потврдија дека нешто се случило. Сепак, треба да ја почекаме службената истрага“, кажа уредникот на „24 ракомет“ за „Слободна Далмација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ