Урнебесен коментар: Битолчанец до Владата – Направете албум со сликички на заболени, да ги разменуваме тие што заболеле по втор или третпат

t

Битолчанецот Божидар Божиновски, кој е познат на социјалните мрежи со неговите статуси со иронична содржина, во кои дава коментар на актуелните случувања, го прокоментира и новиот сајт на кој Владата ќе ги објавува заболените од Ковид-19.

Ова е неговиот коментар на Фејсбук:

“Шо име и презиме на сајт на тие шо се во изолација? Напрајте албум со самолепливи сликички, па да се менваме.

Овие шо фатиле по втор, трет пат горе ко капитени да им седат сликите.

– Перо од Виница го имам дупло. Да не ја имаш Милка од Драчево?

– Ја имам ама не ми е за смена. Ако сакаш Весна од Охрид да ти ја дам?

– Можи!

Па со полн албум давајте респиратор подарок. Добро сѐ морам јас да му ја мислам во државата?”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…