Урнебесно: Го фатиле како зема мито – Отпуштен познатиот полицаец макета на МВР

t

Сатиричниот портал “Кооперација” објави урнебесен текст за познатиот полицаец макета кој беше поставен со цел “да ги плаши” возачите на патот Гостивар-Тетово.

Според информации на Кооперација, полицаецот е отпуштен од работа поради примање мито.

Целиот текст во продолжение:

“Штета! Баш мислевме дека овој полицаец ќе биде неподмитлив, но сепак човековата алчност е иста како и сосед на нашата земја – не знае за граници.

После неколку недели откако ја доби работата на надвозникот за тетовско Камењане, Полицаецот-макета беше отпуштен од својата работа откако произлезе снимка дека тој примал мито!

“Мислевме дека е различен од другите. Мислевме дека има чест, етика и морал. Сепак, немал. Најдовме снимка. Примил мито за да не казни некој што возел пребрзо. Го примил митото и го пуштил мито-давачот да помине без никаква казна.” – изјави вработен во МВР и продлжи – “Се соочивме со него лице в лице. Му кажавме да признае дека примил мито. Му спомнавме и дека имаме докази. Тој не одговори ништо. Очигледно му беше срам. Тоа е. Моравме да го отпуштиме.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен скопјанец, натепал полицаец по завршување на…

Вчера во Кратово бил уапсен скопјанец, откако…

Ѓоко Ристов негира вина за пронајдените 350.000…

Во Кривичниот суд започна судењето против суспендираниот…

(Видео) Снимен обид за барање мито од…

На инстаграм се појави видео снимено на…

Притвор за судски полицаец и службеник за…

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста…

(Вознемирувачко видео) Полицаец од Чикаго си ја…

Снимка од телесна камера на полицаец од…