Урнебесно – Ковачевски: Ги одмрзнавме цените, граѓаните се жалат не можат да ги потрошат зголемените плати

t

Огромните суми што граѓаните ги заштедија додека цените беа замрзнати, во комбинација со галопирачкиот раст на просечната плата, стабилната економија и постојаните инвестиции од странски џиновски компании, според премиерот Ковачевски создале услови Владата да ги одмрзне цените на нафтата и основните прехранбени производи и со тоа да им помогне да се ослободат од насобраните пари, пишува Кооперација во нов сатиричен текст.

– Месециве наназад, многу мои блиски, а и не толку блиски соработници, роднини и пријатели ми се пожалија дека откако станав премиер и ги замрзнав цените, не можат да потрошат ни третина од платата. И тоа кога ќе се насобере, не е мала сума. Па треба да мислиш што ќе ѝ правиш, каде ќе ја чуваш, што ако ти ја најдат од УЈП…само стресови да ти прави. И токму затоа, најмногу за вашето ментално здравје, решивме да создадеме услови во кои нема да ви остане ни денар од платата. – изјави премиерот Ковачевски за медиумите.

На пресот беа присутни и неколку десетици обични членови на владејачката СДСМ, кои иако, како што ни рекоа – не се конкретно запознаени со феноменот „останата плата од минатиот месец“, сметаат дека одмрзнувањето на цените е логичен чекор, посебно за време на летните горештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…