Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територијата
Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територијата за учество на вежбата „Brave Partner – 23“.
Владата на денешната седница ја усвоила Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Македонија заради учество на вежбата „Brave Partner – 23“ и донесе ваква Одлука.
– Полноправното членството во НАТО побарува и активно учеството во заедничките вежбовни активности, со што се зголемуваат одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање. Во таа насока, вежбата „Brave Partner – 23“, како што е соопштено од Министерството за одбрана, е во целосна организација на Армијата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
На вежбата е предвидено да учествуваат единици од вториот коњички полк на вооружените сили на САД, на Армискиот полигон Криволак, што ја потврдува клучната гео-стратешка позиција на Република Македонија.
Владата на денешната 202 седница донесе и одлука за давање на согласност за продолжување на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија за 2024 година и за понатамошното учество на земјава во овој фонд.
Според одлуката што е донесена на предлог на Министерството за транспорт и врски, како што информираат од владината прес-служба, ќе продолжиме да учествуваме во Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија, за обезбедување на средства за трошоци за одржливо функционирање на нивните даватели на услуги на навигација за 2024 година согласно PC/23/60/2 на EUROCONTROL.
Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија е воспоставен согласно Директивата на Постојаната комисија на EUROCONTROL бр. 22/111 од 24 ноември 2022 година, за чие формирање Владата има дадено согласност, со Одлуката за давање согласност за доделување на нова задача на EUROCONTROL за формирање на доброволни солидарни фондови за поддршка на една или повеќе земји членки во кризни ситуации во воздушниот сообраќај, како и формирање на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд и Доброволниот привремен солидарен фонд на EUROCONTROL и за учество на Република Македонија во овие фондови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…