Усвоен ДУП за Лисиче – за Општина Аеродром се решаваат децениски проблеми, за СДСМ и Левица почнува бетонизација
Речиси една година откако Општина Аеродром го презентираше коригираниот Детален урбанистички план (ДУП) за населбата Лисиче, вчера на седница на Советот беше ставен на дневен ред како дополнителна точка и беше изгласан.
Планот, според информациите од Општина Аеродром, предвидува изградба на една зграда и два парка, а решава важни урбанистички и комунални прашања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината.
Минатата година во април, жителите на Лисиче реагираа дека со донесувањето на овој ДУП ќе се овозможи бетонизација на населбата и на јавната анкета поднесоа над 100 забелешки.
Во меѓувреме, додека Општината ги разгледуваше забелешките од јавната анкета, во неколку наврати беа организирани протести на раскрсницата меѓу булеварите „12 Македонска бригада“ и „Србија“, односно пред локацијата за која се однесува Деталниот урбанистички план.
Најава за нов протест
Жители на населбата Лисиче за денеска најавуваат нов протест, овој пат пред зградата на Општина Аеродром.
„Ве повикуваме сите комшии и активисти против оваа бетонизација да дојдат во 18:30 часот на 30.5.2024 г. пред општина Аеродром и да кажеме уште едно не за судбината што ни ја скроија. Се гледаме во 18:30 пред општина Аеродром“, пишува во објавата на иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ на Фејсбук.
Оттаму велат дека со тоа што ДУП за градска четврт ЈИ0901 блок 09.01, без претходна најава, е ставен на дневен ред за гласање, е оневозможено тој да биде оспорен од советничката група на Левица и од неформалната иницијатива.
„Практично, ускратено ни е правото да се организираме на ненасилен протест со којшто би го блокирале носењето на ДУП“, се додава во објавата од „Да го зачуваме Лисиче“.
Според нив, со ваквиот потег, градоначалникот на Аеродром и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени, како што велат, како предавници на граѓаните кои ги гласале.
„Историјата ќе го памети градоначалникот Тимчо Муцунски и партијата ВМРО-ДПМНЕ како предавници на граѓаните кои ги гласале, одејќи против нивната волја, искажана на повеќе од три анкетни листови, а за свои лични и партиски лукративни интереси. Ветивме само чесна и искрена борба против градежната мафија, и останавме достојни на себеси, но корумпираните советници на ВМРО-ДПМНЕ ја одлучија нашата судбина. Овој ден ќе биде запаметен во историјата како ден кога населба Лисиче како што сите ние ја знаеме, умре“,велат од „Да го зачуваме Лисиче“.
СДСМ: Спорниот ДУП изгласан на „шверцерски“ начин
Со реакција денеска излегоа и од СДСМ, од каде што велат дека градоначалникот Муцунски по три години управување со општината, ќе остане запаметен по нереализирање на ниту еден проект и само по усвојување на ДУП со кој отпочнува бетонизација на Лисиче.
„Спорниот ДУП за градска четврт ЈИ 09.01 за населба Лисиче вчера беше ’шверцерски’ доставен до Советот на Општина Аеродром, како дополнителна точка, непосредно пред почетокот на седницата. Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Совет и градоначалникот Тимчо Муцунски одлучија да ја одмолчат дискусијата и не дадоа ниту еден одговор на прашањата поставени од опозициските советници на СДСМ“, реагираат од СДСМ.
Извор: 360 степени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„На нашиот нов и прекрасен остров“: Трамп…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека…
(Видео) Огномет и факели за Артан Груби…
Десетици граѓани и поддржувачи синоќа се собраа…
Една година од смртта на Панчо: Споменот…
Денеска се навршува една година од смртта…
Израелска стратегија за иднината: Превентивни војни, слабеење…
Контроверзна стратешка концепција, претставена во публикација на…
Зеленски потврди: Втора ноќ по ред Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина…