Успешно изведена најсложена трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

t

Успешно изведена е најсложената трансплантација досега на универзитетската клиника за ортопедија, објави министерството за здравство (МЗ).

„Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин. Со овој зафат се поставува нова референтна точка во домашната ортопедија и се потврдува капацитетот на македонските хируршки тимови за изведба на интервенции од највисок степен на сложеност“, информира МЗ и додава дека се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас.

Операцијата, додаваат од МЗ, била во два акта.

„Во вториот имаше пластична реконструкција која ја изведе тим предводен од д-р Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, д-р Теодора Тодорова и д-р Гоце Гулески. За анестезија беше одговорна проф. д-р Јасминка Нанчева, со анестетичар с. Јована Илиева. Во операционата сала активно придонесоа инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рентген техничарот Силвана Станковска“, соопштија од МЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Успешно изведена најсложена трансплантација на коска на…

Успешно изведена е најсложената трансплантација досега на…

На огласот за нов мобилен оператор се…

На тендерот на Агенцијата за електронски комуникации…

Раководител во Шуто Оризари украл 58.000 евра…

Единицата за економски и компјутерски криминал при…

Во Газа официјално прогласенa глад: Над половина…

Во гуверноратот Газа, кој ги опфаќа градот…

Девојка од Врњачка Бања е победничка на…

По долга пауза, Србија повторно учествува на…