Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК: Независните може да учествуваат на избори со два потписи

t

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за Правилникот на Државната изборна комисија (ДИК), според кој независните кандидати за советници и градоначалници можат со само два граѓански потписи да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври. 

Според Костадиновски, кој дискусијата ја оцени како плодна, конструктивна и на моменти остра, одлуката на ДИК во суштина преставува и имплементација на нивната одлука од мај годинава.  

„Би било огромна и многу тешка повреда на Уставот и непочитување на нашата одлука доколку ДИК не постапел на овој начин. Замислете да немаат право независните граѓани, да нема критериум по кој тие би учествувале во изборниот процес. Тоа би значело брутално погазување и на нашата одлука и на Уставот и на Изборниот законик. Од тие причини мнозинството судии одлучи да не поведе постапка“,  рече Костадиновски.  

Клучните аргументи на мнозинството судии, како што кажа Костадиновски е дека Изборниот законик со правната празнина создадена со одлуката на Уставниот суд не го регулира прашањето за критериумот за потребните потписи, но во сила во самиот Изборен законик и понатаму се одредбите според кои потписите на избирачите во постапката за кандидирање се собираат на начин и во постапка што ја уредува ДИК со свој правилник.  

„Оттука одлуката на ДИК за поднесување на предлог кандидатски листи да биде потврдена со важечки личен документ со најмалку два избирачи претставува составен дел на постапката за кандидирање што е и предмет на уредување на оспорениот Правилник и тој не претставува ограничувачки услов“,кажа претседателот на Уставниот суд.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…