Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

t

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по првиот кластер, по што тоа ќе останат само уставните измени како единствен услов за продолжување на преговарачкиот процес за членство на земјата во Европската Унија, порача вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за МИА на крајот на неговата работна посета на Брисел за време на која присуствуваше на последните билатерални состаноци со кои беше затворен скринингот на земјава со Европската комисија.

“Она што можеме де го кажеме е дека од овој скрининг процес ние веќе имаме и конкретни резултати и плодови. Впрочем и Европската комисија во својот извештај го оцени како многу успешен овој скрининг процес.

Тоа треба да ни биде модел за тоа како понатаму треба да се движиме во преговорите и одговор на прашањето дали имаме капацитети за преговори, кое што е многу пати поставувано. Да, имаме и скрининг процесот тоа го покажа, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека од Самитот на ЕУ следната недела очекува позитивни сигнали за признание за она што сме го направивме со скринингот, поддршка за натамошните реформи и потврда дека перспективата за членство во Унија во брз рок е возможна и реална, но не можеме да очекуваме зелено светло за свикување на наредната

Меѓувладина конференција и отворање на преговорите по првиот кластер кога знаеме дека немаме исполнето еден од условите за тоа – усвојување на уставните измени.

Затоа треба отворено да разговараме каде се нашите проблеми и каде лежи блокадата. Денес и покрај тоа што морам да оддадам признание за конструктивноста во делот на патоказите и учеството на опозицијата во дискусијата за патоказите што е закажана за понеделник, сепак тоа не може да го надомести фактот дека моменталната блокада на уставните измени и блокадата на нашите евроинтеграции има име и презиме.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Од таа одговорност нема да можат да се ослободат колегите од ВМРО-ДПМНЕ, колку и да сакаат, вели Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…