Објавено на:

Уставните измени ќе успеат, вели Османи: Шеќеринска со соломоново решение за Бугари во Устав

t

Условените оставки на министрите од ДУИ кои завчера ги најави Али Ахмети, денеска и формално ќе бидат доставени до премиерот Ковачевски, потпишани поединечно од сите министри на таа партија, најави вчера шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи. Ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаат за уставните измени, по автоматизам ќе се активираат оставките на министрите. И не само тоа – Османи најави дека ДУИ тогаш како опозициска партија ќе се откаже и од функциите што би и` следувале во техничката (Пржинска) влада задолжена за спроведување на изборите, како и од функцијата премиер Албанец во последните 100 дена.

„Граѓаните бараат од нас Европа, бараат просперитет, стабилност, да си го планираат животот овде во државата. Ние го направивме нашиот чекор – се повлекуваме од сите наши позиции само заради тој сон на граѓаните“, порача Османи.

Во однос на опозицискиот став дека сега на маса се само предвремени избори, Османи оцени дека со тоа на виделина излегуваатличните и партиските агенди, наспроти државните интереси. Во интервју на ТВ Телма тој изјави дека е уверен оти уставните измени ќе се реализираат.

„Уставните измени ќе успеат затоа што е тоа волја на граѓаните за членство во ЕУ и никој не успеа во овие 30 години да ја скрши таа волја, нема да успее ниту сега. Првата битка ја добивме, граѓаните се уверија дека нема ништо спорно во уставните измени. Верувајте дека битка по битка ќе успееме пред избори да имаме уставни измени“, рече Османи.

Но, ако сепак не се случи тоа, тој е убеден дека нема да има предвремени избори.

„Изборите ќе бидат во редовниот термин, напролет идната година, а дотогаш, до последниот ден ќе работиме на обезбедување на европска иднина за граѓаните и верувајте дека во тоа ќе успееме, затоа што ги имаме граѓаните позади нас“, рече Османи.

Реверзибилен процес

За нужноста од реализирање на уставните измени,дилемите во јавнста и стравувањата од можноста земјата да остане надвор од интегративниот процес, интересни ставови може да се прочитаат во списанието „Предизвици“ – јунско издание на Фондацијата„Фридрих Еберт“ – Скопје, на тема „Ревидиран процес на проширување на ЕУ: нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“.

„Владејачките партии можат да излезат со конкретен и јасен предлог во кој ќе ја повикаат опозицијата да гласа за уставните измени, а претходно ќе понудат потпишување договор од страна на сите парламентарни партии со кој истите ќе се обврзат да ја ревидираат уставната измена доколку Бугарија продолжи со блокирањето на процесот“, пишува Радмила Шекеринска, поранешна вицепремиерка за европски интеграции и министерка за одбрана.

„Ова не е многу елегантно решение, но може да заврши работа во смисла на реални политички гаранции дека обете страни ќе имаат интерес проширувањето реално да функционира. Слично како реверзибилноста на ЕУ процесот на проширување: сите (Европската Унија и Западен Балкан) сакаат да веруваат дека секоја земја ќе се движи напред во поглед на реформите, но имаат и бек-ап план во случај тоа да не биде така – назадувањето во реформите ќе значи и реверзибилност на процесот на проширување со таа земја“, потсетува таа.

Извор: Дојче Веле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…

Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…