Уставните судии си ги вратија повисоките плати, од октомври ќе земаат најмалку 200 евра повеќе
Повисоките плати за претседателот и судиите на Уставниот суд повторно ќе стапат во сила од 1 октомври, откако уставните судии донесоа одлука да ги укинат законските измени со кои годинава беа намалени коефициентите за пресметка на нивните примања.
Со одлуката, укинати се делови од членовите 14 и 15 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, кои се однесуваат на претседателот и судиите на Уставниот суд, а нивното укинување ќе стапи на сила од 1 октомври 2026 година. Тоа значи дека платите повторно ќе се пресметуваат според повисоките коефициенти утврдени во законските измени од 2024 година.
Според претходните измени, коефициентот за пресметка на платата на претседателот на Уставниот суд беше намален од 3,08 на 2,81, додека за судиите од 2,85 на 2,60. Од октомври повторно ќе важат старите коефициенти – 3,08 за претседателот и 2,85 за судиите.
Грубите пресметки покажуваат дека платата на претседателот на Уставниот суд, заедно со додатокот за минат труд, би можела да достигне околу 164 илјади денари нето, додека уставните судии би добивале околу 135 илјади денари, без пресметан стаж.
Во образложението на одлуката, Уставниот суд наведува дека изедначувањето на платите на уставните судии со платите на други носители на јавни функции претставува повреда на принципот на независност и самостојност на Судот.
„Законодавецот има право да ги определува платите во јавниот сектор, но не смее да ја игнорира уставната поставеност на Уставниот суд и гаранциите за независноста на уставните судии“, се наведува во образложението.
Судот смета дека претседателот и судиите на Уставниот суд не треба да бидат ставени во ист нормативен режим со функционерите од законодавната, извршната и другите власти, имајќи ја предвид нивната специфична уставна позиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија истражува нов обид за саботажа на…
Германската полиција истражува обид за саботажа на…
Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница
На 03.09.2026 во 14:00 часот во Кичево, полициски службеници од…
Кривична за Канаѓанецот кој се обиде нелегално…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А.С.(37)…
Муцунски во Украина: Границите не можат да…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Заврши санацијата на мостот пред Драчево, од…
Јавното претпријатие за државни патишта ги известува…