Уставни измени нема да ѝ штетат на државата, убедува Адеми
Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми во говорот на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК) истакна дека земјата нема да претрпи никаква штета ако го исполниме условот за измена на Уставот и ги почнеме преговорите со ЕУ.
Адеми рече дека сме исправени пред еден голем предизвик што е поврзано со уставните измени и предуслов за отворање на кластерите. Лично, но тоа е став и на ДУИ, рече Адеми, „Република Македонија нема да претрпи никаква штета ако го исполниме овој услов и во нашиот Устав се вклучат и други етнички заедници вклучувајќи ја и бугарската“.
Тоа, според него, треба да го направиме што пе можно побрзо, ако навистина мислиме, а не само декларативно да го следиме европскиот пат.
-Поборник сум да обезбедиме широк, меѓупартиски државен општествен консензус. Сметам и длабоко сум уверен дека немаме право да се откажеме од зацртаните стратешки цели, кои се генерациски и не се во функција на дневната политика. Потполно ги поддржувам Владата и напорите на нашите институции да влеземе во ЕУ во 2030 година. Помалку да се бавиме со политика, а повеќе да се фокусираме кон реформите, рече Адеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
