УСЈЕ создавало лажна слика на одговорна компанија: Зошто објавувале сумирани извештаи каде недостигаат податоци и се прикриваат недостатоци?
Еко-акктивистот и независен советник во Советот на Град Скопје, Горјан Јовановски, детално ја коментира реакцијата на Цементарницата Усје кои велат дека компанијата инвестирала во систем за мониторинг и мерење на емисиите на издувните гасови и честици во воздухот.
Јовановски со факти објаснува каде се крие “измамата” од страна на ценемтарницата, зошто во извештаите недостигаат податоци за одредени часови од печките, зошто се објавуваат сумирани дневни извештаи кои ги прикриваат енормните емисии на штетни гасови?
Во продолжение Фејсбук статусот на Јовановски:
– УСЈЕ: „Компанијата инвестираше во воспоставување систем за мониторинг што ни овозможува да вршиме континуирани мерења на емисиите во воздухот.“
Континуиран а? А што правиме со дупките во репортингот кој што го објави МЖСПП сега? [1]
❌ 17.10 – 2.5 часа фалат од печка 4
❌ 28.12 – 10 часа фалат од печка 3
❌ 28.12 – 1 час фали од печка 4
❌ 29.12 – 6.5 часа фалат од печка 4
Во рамки на само 3 дена фалат податоци за 20 часа. Но нивниот сајт, УСЈЕ објавуваат сумирани дневни извештаи, што значи дека овие дупки не може да се видат. [2] Баш корисно, зар не?
❌ Што правиме дека ова се само 2 од 12 емисиони точки на УСЈЕ? [3] Зошто не се мерат другите?
Со лажирање на податоци, со намерно неприкажување на целосната слика, се креира наратив дека индустријата се златца кои никогаш не би се осмелиле да посегнат по здравјето на граѓаните. Како беше омилениот наратив на политичарите, „индустријата не загадува“? Мрш.
✅ По 638 пат ќе повторам: БЕЗ ЈАВЕН 24 ЧАСОВЕН КОНТИНУИРАН МОНИТОРИНГ НА СИТЕ ЕМИСИОНИ ТОЧКИ НА СЕКОЈ ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ, НЕМА ДА ЗНАЕМЕ КОЛКУ ИНДУСТРИЈАТА ВЛИЈАЕ ВРЗ ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА! – напиша Јовановски на Фејсбук.
Во продолжение податоците од мерењата и дозволените параметри од интегрираната А дозвола за Цементарницата.
Градоначалничката на Град Скопје на вонредна прес-конференција најави кривични пријави за Цементарницата Усје поради прекршување на три членови од Кривичниот законик на Република Македонија и тоа членовите 218 за Загадување на животната средина, 230 за Загрозување на животната средина и природата со отпад и 234 за Тешки дела против животната средина и природата.
Извештаите на Инспекторатот за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање изврши вонредни мерења во околината на Цементарницата, а од објавените извештаи јасно се воочува дека Усје буквално ги труе скопјани со неколкукратно поголеми емисии на штетни гасови и честици од дозволените параметри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
Текстилен отпад од цела Македонија ќе се…
Текстилен отпад од цела Македонија ќе се…
Цементарница Усје ги труе скопјани, утврди и…
Цементарница Усје ги труе скопјани, утврди и…
Пoчина Горјан Тозија
Почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор…
„Вечерва се потрудивме да уkpaдеме уште некоја…
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес,…