Цементарница Усје ги труе скопјани, утврди и Министерството за животна средина
Цементарница Усје ги труе скопјани, утврди и министерството за животна средина и простоно планирање по извршените вонредни мерења на квалитетот на воздухот во околината на цементарницата.
Поради утврденито прекршок започната е постапка за спогодување која доколку не биде успешна Цементара ќе треба да плати парична казна.
Во продолжение извештајот од инспекцискиот надзор:
– На ден 11.01.2023 при контролен инспекциски надзор со Записник за констатација доставени се резултатите од извршените мерења на правниот субјект Цементарница УСЈЕ АД Скопје,
🕵Согласно извршените мерења на концентрации на загадувачки супстанции, цврсти честички и прашина од емитер Подготовка Печки бр. 3 и 4 (енергенс петрол кокс), е утврдено дека нема надминување на ГВЕ-Граничните вредности на емисија.
Кај котелот од Котларата за загревање на просториите каде како енерген се користи мазут, утврдено е дека има надминување на ГВЕ за параметарот азотни оксиди NOx и од дозволената ГВЕ-350 резултатот е 711,9 милиграми/метар кубен.
Поради утврден прекршок од III категорија согласно член 212-ж став (1) точка 3 и став (2)од Законот за животната средина започната е постапка за спогодување. Постапката ќе ја води Комисијата за спогодување при МЖСПП, во спротивно доколу не се прифати постапката за спогодување ќе се покрене судска постапка. За сторениот прекршок Глобата за големи трговци изнесува180.000-200.000 евра во денарска противвредност за правното лице и 10.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице. – стои во соопштението.
Кисела Вода редовно е меѓу најзагадените скопски општини, а честопати и една од најзагадените во Македонија.
Во подрачјата каде е измерено големо загадување на воздухот на жителите им се препорачува да не ги отвараат прозорите, да не излегуваат од дома непотребно и да носат маски доколку е потребно да се движат надвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…
Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…
Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…
Загубите на вода на национално ниво во…
Објавена осумчасовната програма за „Блокадафест“ пред „Усје“
Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави целосната…
Избувна пожар кај Усје!
Денеска избувна пожар во близина на Цементарница…
„Стоп за Усје“: Општина Кисела Вода лаже,…
Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела…