Утешна функција за Бугарката Габриел
Откако генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти дека ја назначил Радмила Шекеринска за втор човек на Алијансата, во истиот ден се најде нова работа за нејзината главна противкандидатка, Бугарката Марија Габриел.
Соопштението за функцијата на Габриел сугерира дека одлуката на Руте за Шекеринска (по пошироките консултации на генералниот секретар) бил донесена претходно, а вчера соопштена. Затоа Европската народна партија во истиот ден го обезбеди шефовското место на Габриел во Институтот „Робер Шуман“. И за тоа се потребни претходни договори, а и лобирање.
Институтот вели дека обуката на политичарите од земјите кои се соседи на ЕУ е важна за формирање на нова проевропска елита со десничарски убедувања. Од 1991 г Институтот ја промовира идејата за обединета Европа и основните вредности на ЕПП преку поддршка на демократската транзиција, развојот на граѓанското општество и партиите поврзани со ЕПП, додаваат од организацијата.
Досега, институтот беше предводен од поранешната европратеничка Дорис Пак (Германија).
Марија Габриел беше европратеничка, европски комесар, а во 2023 година беше избрана за вицепремиер и министер за надворешни работи на Бугарија и остана на функцијата до март годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…