Објавено на:

Утковски: Кај неколку штитеници има видливо црвенило, ќе се утврдува дали била употребена прекумерна сила од затворската полиција

t

По поплаките дека при претрес на Единицата на интервенции на затворската полиција во затворот „Скопје“ биле повредени неколку осуденици, директорот на затворот во Шуто Оризари, Бобан Утковски, вели дека кај неколку штитеници е забалежливо црвенило, но допрва ќе се утврдува дали над нив била употребена прекумерна сила.

-Вчера, во утринските часови, во КПУ Затвор Скопје беше спроведена акција на припадници на интервентната единица, при што беше извршен претрес на просториите на установата. За време на спроведувањето на акцијата, евидентирани се одредени ситуации во кои била употребена физичка сила врз дел од штитениците, а кај некои од нив се константирани видливи траги на црвенило. Како институција не би сакале да носиме предвремени заклучоци. Во овој момент не би било ниту професионално ниту одговорно однапред да се квалификува дали станува збор за прекумерена употреба на сила или за постапување во рамките на законските овластувања. Сите околности ќе бидат темелно и непристрасно утврдени преку законски предвидени постапки. Доколку се константира дека било постапено спротивно на законските овластувања, ќе биде превземена соодветна одговорност. Доколку пак се утврди дека употребата на сила била законска, неопходна и пропорционална на околностите, тоа исто така ќе биде јавно соопштено. Наш приоритет останува почитување на законите, заштита на човековото достоинство и обезбедувањето ан безбедноста во установата, при што секое постапување мора да биде законито, професионално и во согласност со највисоките стандарди, вели директорот Утковски во изјава за „Фокус“.

Токму поради овој настан вчера во затворот „Скопје“ влезе и Народниот правобранител Фатон Сељами.

-Народниот правобранител м-р Фатон Сељами, заедно со тимот од Механизмот за граѓанска контрола оствари средба со директорот на КПУ Затвор Скопје г.Бобан Утковски и заменик директорот г.Баки Мустафи. Целта на средбата беше да се добијат подетални информации за текот на вчерашниот претрес од страна на припадници на Единицата за интервенции на затворската полиција, која е под директна надлежност на Управата за извршување на санкции, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Правобранителот Сељами директно разговарал и со дел од затворениците.

-Воедно, Народниот правобранител ги посети и разговараше со дел од затворениците кои беа предмет на претресот. Притоа, акцентот при посетата беше ставен на начинот на кој постапувале припадниците на оваа единица, односно дали при вршењето на претресот биле испочитувани процедурите и стандардите утврдени со актите по кои истата работи, а во насока на утврдување дали имало или не, пречекорување на службените овластувања, односно дали била употребена прекумерна сила.

Се очекуваат и заклучоците од Народниот правобранител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утковски: Кај неколку штитеници има видливо црвенило,…

По поплаките дека при претрес на Единицата…

Демократската партија на Турците добива министерско место,…

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на…

Европа стравува од нов ценовен шок откако…

Глобалниот пазар на горива останува под силен…

Крадел од туѓ двор додека бил на…

На 10.07.2026 во 20:40 часот во Велес,…

Лавров: Решавањето на конфликтот меѓу САД и…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…