Утрешниот ден државен празник во Саудиска Арабија
Саудискиот владетел, кралот Салман, го прогласи утрешниот ден за државен празник во земјата по повод денешната сензационална победа на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија над Аргентина (2-1) на Светското првенство во Катар.
Среда ќе биде неработен за сите вработени во јавниот сектор, а затворени ќе останат и училиштата и факултетите.
Саудиските власти, исто така, соопштија дека влезот во три забавни паркови во земјата утре ќе биде бесплатен за сите.
– Илјадници честитки, јунаци, се огласи на Твитер, саудискиот министер за спорт Абдалазис бин Турки Ал-Фајсал, по триумфот на националниот тим над Аргентина.
Секој саудиски репрезентативец за победата која силно одекна во фудбалскиот свет ќе биде награден со по 1.5 милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…