Утре во 18 часот протест пред Влада по скандалите на Онкологија
По низата скандали на Клиниката за онкологија, за утре во 18 часот е закажан протест пред Владата на Република Македонија.
Во продолжение повикот на организаторите:
– Утре (понеделник) со почеток од 18 часот, ве повикуваме на протест пред Владата, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и ОДГОВОРНОСТ од сите министри за здравство!
Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години.

Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!
Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!
- Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.
- Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.
- Бараме одговорност од поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска. – стои во описот на настанот објавен на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
