Утре ден на жалост во Велес поради смртта на тројца велешани во сообраќајката кај Катланово
На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.
Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсена велешанка која се обидела да го…
Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…
Велешанка физички нападната во нејзиниот дом
71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…
Во автомобилот му наше бела грутчеста материја,…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…
Велешанец излегол на викенд од затвор, полицијата…
Велешката полиција привела затвореник, кај кого нашла…
Дал 50 илјади денари за уредување на…
Велешанец пријавил 31 годишен скопјанец дека откако…