Утре е Духовден, знаете ли што значи тоа?
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е Духовден – Слегување на Духот Свети.
Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител.
На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па сѐ до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за сѐ што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела.
Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува Dуховен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија четврти ден ги напаѓа мостовите во…
Русија четврти ден по ред ги напаѓа…
Девојка од Делчево е тешко повредена, со…
На 04.10.2026 во 05:10 часот во ОВР…
Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците,…
Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците…
Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, од македонскиот…
Продолжува отчетот пред граѓаните. По средбите и…
„Безбеден град“ ќе препознава и возење без…
Системот „Безбеден град“ наскоро ќе може автоматски…