Утре е Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица), заштитничката на мајките и леунките
Православните верници утре го одбележуваат денот на Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица), еден од големите празници на Светата православна црква, кој се прославува на 21-ви септември.
Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка.
Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.
Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.
На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, жените не треба да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.
На овој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца Грци краделе парфеми од продажен објект…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…
Песочна фигура на Богородица извајана на плажа…
На 15 август - Денот на Варна,…
Сè уште гужва на границите – се…
Од Авто мото сојузот на Макеодонија информираат…
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…
На граничниот премин Табановце за влез во…
Иконата Богородица -Троеручица пристигнува од Света Гора…
Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета…