Утре и задутре ќе се прска против комарци во Скопје
Следната фаза од третманот против возрасни комарци во главниот град ќе се реализира утре и задутре со авионска дезинсекција доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопштија од Град Скопје.
– Град Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните препораки, со цел намалување на популацијата на комарците и заштита на јавното здравје. Град Скопје останува посветен на навремено и ефикасно спроведување на сите мерки што придонесуваат за заштита на здравјето и подобар квалитет на живот на граѓаните – пишува во соопштението.
Од таму нагласија дека во согласност со годишната програма за спроведување мерки за дезинсекција, законските обврски што произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, се продолжува со реализација на следната фаза од годинешната дезинсекција против комарци.
– Во текот на изминатиот период беа спроведени повеќе третмани за сузбивање на ларвите и на возрасните форми на комарците во согласност со утврдената динамика и стручните препораки. Дезинсекцијата против ларви беше реализирана на 7 мај – авионска дезинсекција, 11 јуни – авионска дезинсекција, 26 јуни – теренска дезинсекција, 10 јули – авионска дезинсекција, 23 јули – теренска дезинсекција. Дезинсекцијата против возрасни комарци беше спроведена на 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција, 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција, 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција, 13 и 15 јули – теренска дезинсекција, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…