Утре одлука за цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цените на нафтените деривати.
Согласно последната одлука на РКЕ од минатата недела, ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,311 (денари/килограм)
Премиерот Христијан Мицкоски во саботата изјави дека се очекува во вторник (утре), РКЕ да донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати.
Според владините анализи и пресметки цената на Еуросупер 95 треба да се намали за 1,5 денари и ќе изнесува 82 денари за литар. Еуросупер 98 да се намали за 1,5 денари и ќе изнесува 84 денари за литар.
Дизел горивото се очекува да се намали за 2,5 денари и ќе изнесува 95,5 денари за литар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Можеби нема да учествуваме на претседателските…
Александар Вучиќ изјави дека постои можност Српската…
ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…
СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…
Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…
Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…
Мицкоски во работна посета на германската покраина…
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во…
Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…
Македонија планира да создаде услови за привлекување…