Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер
Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.
Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен притисок ќе следува период на стабилно и топло време.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, наместа ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден починат 39-годишен струмичанец во дворот на…
Тело на 39-годишник од Струмица е пронајдено…
Уште една птица е заразена со западнонилска…
Состојбата заклучно со денешниот ден е дека…
13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ –…
Тринаесетгодишно дете се бори за живот откако…
Мицкоски за дата центрите: Јасно е каде…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска при…
Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…
Два големи американски воени авиони биле забележани…