Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца…

t

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Празникот е посветен на нејзиното покривање, покритието, кое таа го рашири над христијаните. Се верува дека Богородица сè уште ја држи оваа плаштеница над нас и нè штити од злото.

Се верува дека на овој голем празник на жените ќе им се исполнат сите желби – ако се кажани со чиста вера.

Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец.

Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба.

Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановец вo полиција пријавил напад, заборавил дека…

Вчеравечер во 03.00 часот во СВР Скопје,…

Утре славиме битен празник за жените, еве…

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров…

Скандал во Охрид: Шокирани што ќе играат…

Генерациите 2014, 2015 и 2016 на српските…

Ракетата на SpaceX изврши успешна мисија со…

Компанијата SpaceX на милијардерoт Илон Маск денеска…

Најмалку 20 ранети во напад на Хезболах…

Најмалку дваесет лица се повредени, од кои…