Утре стручна комисија во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото девојче

t

Министерот за здравство Азир Алиу вечерва рече дека утре Стручна комисија ќе оди во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото седумгодишно девојче, за да утврди што се случило.

Според него, уште е рано да се излезе со информации во јавноста зашто се чекаат резултати и од обдукцијата.

Како што информира Алиу, веќе е добиен наод од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, каде е опишан целиот протокол на лекување на девојчето.

-Дознавме дека е почнато со лекување во приватна здравствена установа од каде детето завршило на Клиниката во Тетово. Утре Стручна комисија ќе оди во двете институции за да види што се случило. Се уште е рано да излеземе со информации зашто чекаме резултати и од обдукцијата. Кога ќе ги согледаме наодите и од Комисијата и од обдукцијата, тогаш ќе имаме јасна слика што се случило, истакна министерот.

Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек починало во неделата. Било примено на Одделението за педијатрија. Како што соопшти тетовската болница, веднаш биле преземени сите неопходни мерки согласно медицинските протоколи за поставување точна дијагноза. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре стручна комисија во тетовската болница и…

Министерот за здравство Азир Алиу вечерва рече…

Зеленски: Запрете го Путин сега или страдајте…

Во своето денешно обраќање пред Генералното собрание…

На скрининг во Трубарево, од 111 прегледани…

Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг…

МВР откри како се повредил Турчинот оставен…

Полицијата соопшти дека 61-годишниот турски државјанин кој…

Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го блокираа и…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…