Утре стручна комисија во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото девојче

t

Министерот за здравство Азир Алиу вечерва рече дека утре Стручна комисија ќе оди во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото седумгодишно девојче, за да утврди што се случило.

Според него, уште е рано да се излезе со информации во јавноста зашто се чекаат резултати и од обдукцијата.

Како што информира Алиу, веќе е добиен наод од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, каде е опишан целиот протокол на лекување на девојчето.

-Дознавме дека е почнато со лекување во приватна здравствена установа од каде детето завршило на Клиниката во Тетово. Утре Стручна комисија ќе оди во двете институции за да види што се случило. Се уште е рано да излеземе со информации зашто чекаме резултати и од обдукцијата. Кога ќе ги согледаме наодите и од Комисијата и од обдукцијата, тогаш ќе имаме јасна слика што се случило, истакна министерот.

Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек починало во неделата. Било примено на Одделението за педијатрија. Како што соопшти тетовската болница, веднаш биле преземени сите неопходни мерки согласно медицинските протоколи за поставување точна дијагноза. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…

ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…