Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го блокираа и доведоа во хаос Скопје!

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска од Аеродром изјави дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа Скопје до пропаст и го оставија главниот град во државата да тоне во хаос. , објави 4NEWS.mk

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност и себичност ги оставија скопјани да тонат во ѓубре и хаос. Градот е вратен назад во развојот. Четири години, Мицкоски и неговата партија го блокираат Град Скопје, а денес се обидуваат да се оправдаат“, рече Филипче.

Во изјавата тој посочи дека за тоа што денес се случува со Скопје  директно е одговорен Мицкоски, негова вина е што ниту една мерка и проект за главниот град не се реализираа. 

„Поради пропаднатата коалиција со Арсовска и политичкиот инает, Скопје остана без клучни одлуки. По налог на Мицкоски, речиси ниедна мерка, проект или набавка во Град Скопје не беше изгласана. Ова го потврдуваа и советниците на СДСМ кои, и како опозиција, конструктивно ги поддржуваа добрите предлози. Вината е кај Мицкоски”, изјави Филипче.

И на овие локални избори како што кажа Филипче, Мицкоски го нуди Орце Ѓорѓиевски како негов партиски послушник кој ќе работи според желбите на партискиот центар. 

„Скопје е пред ризик од брутална партизација од ВМРО-ДПМНЕ, доколку граѓаните не ја препознаат измамата.Затоа повикувам на масовна поддршка за Каја Шукова – докажан професионалец и работник, независна и со голем интегритет. Таа има јасни, изводливи проекти, особено во хигиената и инфраструктурата, со кои Скопје ќе го врати својот сјај”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возач удрил 79-годишна жена и побегнал

Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена…

Предложен притвор за едно лице за избоденото…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Кремљ најави можна средба меѓу Путин, Трамп…

Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека…

Шефот на „Донауштал“ тврди: „Германија и Русија…

Германија и Русија се во војна, изјави…

Туск: Не смееме да ја напуштиме Украина,…

Полскиот премиер Доналд Туск порача од Гдањск…